Наташа Петровска е прва кандидатка од СДСМ која јавно соопшти дека официјлно поденела кандидатура за градоначалничка на Битола.

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 5:58

Димитриевски ќе се бори за нов градоначалнички мандат во Куманово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски вчера преку социјалните мрежи информираше дека ќе се бори за нова кандидатура за градот на локалните избори.

„Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна, поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да поднесам кандидатура и програма со континуитет во мојата партија за нов градоначалнички мандат.

Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово“, напиша Димитриевски.

Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ќе оди на втор мандат за градоначалник.

Ова вчера го изјави градоначалничката Петровска за емисијата „Директно“ на ТВ Тера.
Таа изјави дека ваквата одлука ја донесла откако била предложена во најголемиот број месни организации на СДСМ и по согласноста која ја добила од нејзиното најтесно семејство.

Наташа Петровска е прва кандидатка од СДСМ која јавно соопшти дека официјлно поденела кандидатура за градоначалничка на Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести