Таа оцени дека е можно овие опасни вируси веќе да почнат циркулираат надвор од границите на Кина, објави лондонски Гардијан.

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 декември, 2020 12:20

ДОАЃА НОВА КОРОНА: Драматично предупредување од кинески научник кој го откри Ковид-19(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кинескиот научник Ши Дженгли од Институтот за вирусологија во Вухан предупреди дека во областите на југот и југоистокот на Кина, популациите на лилјаци носат други видови на вирусот корона кои веќе можат да се пренесат на луѓето.

Таа оцени дека е можно овие опасни вируси веќе да почнат циркулираат надвор од границите на Кина, објави лондонски Гардијан.

„Тие вируси мора да ги бараме во другите азиски земји, не само во Кина“, рече Ши, која е позната под прекарот „Бетвоман“ затоа што ја проучува короната на вирусите пренесени од лилјаците.

Коронавирусите се група вируси кои предизвикуваат респираторни заболувања кај цицачи и птици. Кај луѓето, вирусите предизвикуваат респираторни инфекции, како што се настинки, кои обично се слаби.

Ретки форми, како што се тежок акутен респираторен синдром (САРС), акутен респираторен синдром на Блискиот исток (МЕРС) и коронавирусна болест 2019 (КОВИД-19, што ја предизвика пандемијата на коронавирусите 2019/20) може да има фатални последици.

Кај кравите и свињите, коронавирусите предизвикуваат дијареја, а кај кокошките тие предизвикуваат болести на горниот респираторен тракт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...