Со ваквите спуштања на значително постудени воздушни бранови, има услови во текот на октомври да се случат и првите врнежи од снег на планините во Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 14 септември, 2019 19:33

НАСКОРО ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Во овој месец очекувајте го снегот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на октомври месец не е исклучена можноста да дојде до продор на позначително студена маса од север, прогнозира Славчо Поповски.

Кога таа ќе стигне над нашите краишта, односно над Јадранот и Медитеранот, ќе дојде до формирање на циклонски системи кои нормлано условуваат врнежи.

Со ваквите спуштања на значително постудени воздушни бранови, има услови во текот на октомври да се случат и првите врнежи од снег на планините во Македонија. Она што е интересно, според моменталното следење на развојот на временската состојба за следните месеци, е тоа што ноември, а посебно декември, би можеле да имаме значително постудено време за разлика од изминатите години, но со нешто помалку врнежи и тоа особено во ноември, но снегот сепак нема да изостане, вели Попоски.

Сепак, генерално, и по температури и по врнежи, вели Славчо Попоски, месец октомври ќе ни биде во границите на нормалата за овој период од годината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...