Најново метео

Објавил: admin@magazin | 10 јуни, 2021 7:15

ДО НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ – СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО НА САМИОТ ПОЧЕТОК ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа до недела во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Стабилизирање на времето се очекува на самиот почеток од следната недела. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...