Како што информира за МИА раководителот на Брза помош Драган Димитров, првиот случај бил од пред околу две седмици, а вториот бил регистриран во вторникот изутрина околу осум часот.

Објавил: Весна Петровска | 31 мај, 2019 10:10

ДРАМА ПРЕД СПИЕЊЕ: Змија се пикнала во креветот на кавадарчанка и ја каснала

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Жена од Кавадарци доживеала вистински хорор кога легнала на својата постела да спие. Во креветот и се пикнала змија која ја каснала жената, ова не е прв случај во Кавадарци жител да се пожали на змии.

Змијата всушност им влегла дома најверојатно поради тоа што жената живее на приземје, па се сокрила во ќебето на креветот.

Како што информира за МИА раководителот на Брза помош Драган Димитров, првиот случај бил од пред околу две седмици, а вториот бил регистриран во вторникот изутрина околу осум часот.

– Змијата всушност им влегла дома најверојатно поради тоа што жената живее на приземје, па се сокрила во ќебето на креветот. Се случило кога домаќинката решила да си легне и да спие. Тогаш дошло до каснувањето, жената навистина многу се исплашила кога ја запалила струјата и ја видела змијата. Додека да ги викне најблиските, змијата избегала. Сега никој не знае каде е. Кавадарчанката веднаш дојде кај нас во Итната медицинска помош. Доби серум против змиски отров, имаше типично змиско каснување со два заба. Според неа, најверојатно се работи за поскок, раскажа докторот.

МИА стапи во контакт и со синот на 64 годишникот кој бил каснат од змија во кавадаречко село.

-Реновиравме во селото кај што живеат моите. Го менувавме кровот на куќата. Заедно бевме. Го собравме шутот, отпадот што беше испопаѓан од страните на куќата, ѓубрето, кое стоеше неколку дена во дворот. Го оставивме во приколка и тогаш забележавме дека во отпадот всушност од претходно се пикнала змија. Сѐ се случи за миг. Таа се почувствува загрозена и најверојатно за да се одбрани, го касна татко ми на раката. Два дена лежеше во кавадаречката болница, во ургентниот центар, појасни синот кој живее во Неготино.

Според него, била од оние змии кои во нивниот крај биле познати како брзострелки, а се движеле и по дрвја и по гранки. Тенки, долги околу еден метар, отровни.

За среќа и мажот и жената се во добра здравствена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...