Тој додава дека кај некои пациенти заболени од Ковид 19 состојбата е многу влошена и апелираше до граѓаните да бидат внимателни. Истакна дека секој од нас сака да се дружи но сепак социјалната дистанца во овој период е од особена важност. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јули, 2020 22:06

Д-р Жан Митрев: Кај некои пациенти ситуацијата е многу влошена, незнам дали воопшто може да се помогне

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во гостувањето на Канал 5 телевизија, во емисијата „Само вистина“ доктор Жан Митрев истакна дека не знае дали воопшто може да се помогне доколку бројот на заболени лица од Ковид 19 во земјава постојано расте и ако пациентите се во некоја многу понапредна состојба на болеста.

Најмладиот пациент кој ние го лекувавме како клиника „Жан Митрев“ е 23-годишно момче во тешка состојба.

Многу од пациентите кои ги презедовме дојдоа од ГОБ „8-септември“ и од Инфективната клиника, истакна д-р Жан Митрев додавајќи дека голем број од овие пациенти беа веќе на респиратори во други институции.

Голем проблем претставува и суперинфекцијата кога пациентот подолго време е болен и шансите на него да се накалеми една болничка инфекција е многу полесно. Опоравањето кај овие пациенти е многу мачно и многу долго. Кај некои пациенти имаме веќе четврти и петти циклус на хемофилтрација- соопшти Митрев за пациентите кој што се наоѓаат во неговата клиника.

Тој додава дека кај некои пациенти заболени од Ковид 19 состојбата е многу влошена и апелираше до граѓаните да бидат внимателни. Истакна дека секој од нас сака да се дружи но сепак социјалната дистанца во овој период е од особена важност. 

-Кај некои пациенти кај кои ситуацијата е многу влошена, незнам длаи воопшто може да се помогне, така да, серизона е работата- вели д-р Митрев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...