Според него сега е периодот на летните настинки, алергии, инфекции па докторите мора да внимаваат на тоа ваквите паценти да не ги мешаат со ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јули, 2020 10:48

Еве како да разликувате летна настинка од Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се поголем е бројот на лица кои имаат респираторни инфекции што не се предизвикани од ковид-19, вели Д-р Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Д-р Милутин Ивковиќ“ во Палилула, Србија.

Според него сега е периодот на летните настинки, алергии, инфекции па докторите мора да внимаваат на тоа ваквите паценти да не ги мешаат со ковид-19.

– Бидејќи сега сме во време на летни инфекции, настинки, алергии и слично, кога пациент доаѓа во здравствениот центар, ние извршуваме тријажа и во разговор со нив, лекарот утврдува дали станува збор за ковид амбуланта или за општ лекар. На лице место, утврдуваме и гледаме според симптомите – рече д-р Стојановиќ.

Според д-р Стојановиќ, симптомот на губење на чувството за мирис и вкус е многу важен при откривање на коронавирус…

Многумина се прашуваат која е разликата и како да ги препознаеме симптомите, па д-р Стојановиќ открива како да познаеме дали имаме обична настинка или сме заразени од Ковид 19.

– Симптомите на корона се треска која трае подолго од три дена, потоа се јавува гребење во грлото, отежнато дишење, губење на чувството за мирис и вкус – што е многу важно затоа што се покажа дека овие се два важни параметри. Исто така, постои гадење во стомакот, општа малаксаност и во последно време – дијареја. Со настинки, немаме такви симптоми. Врз основа на оваа клиничка слика, пациентот е на тријажа. Потоа правиме лабораторија што ќе биде готова за половина час, врз основа на тоа гледаме каква е крвната слика и дали има зголемување или намалување на леукоцитите. Последната варијанта е, кога не сме целосно сигурни – ги снимаме белите дробови. Ако на снимката се гледа дека има пневмонија, тогаш сомнежот паѓа на ковид-19 – детално раскажа д-р Стојановиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...