Објавил: Узунов Бобан | 15 јануари, 2019 16:10

ЕККЛУЗИВНО: Цената која ќе ја плати ДУИ е консензуалниот претседател?

Фото/Текст извор: ©

Објавувањето на законот за употреба на јазици без потпис на претседателот Иванов го подели општеството. Додека функционерите на ДУИ со триумфализам ја прославија двојазична Северна Македонија, македонските граѓани останаа вџашени од грубото силување на Уставот и правната држава отварајќи ја дилемата: Ако може да се носат закони на овој начин, што се случува со обичниот граѓанин кој ја бара правдата во судовите и институциите ?

Објавување на Законот за јазици со триумфализам и со амин на власта чиј министер за правда Рената Дескоска е професор по уставно право, јасно е дека е направено во фунцкија на билдање на рејтингот на ДУИ пред самите претседателски избори. Исто така јасно е дека овој потег на власта разочара голем број граѓани, професори, студенти, лекари, активисти на Шарената револуција бидејќи во очиглед на сите се изврши ерозија на правната држава и самоволие на тројката Заев-Ахмети-Џафери со цел изборен профит.

Оливер Спасовски неодамна на неговиот фејсбук профил објави заедничка фотографија со Зоран Заев со која му нуди вечна доверливост и наколнетост со пораката “Заедно секогаш”. Дали во екот на внтрапартиските борби во СДСМ, ова е порака од Спасовски до Заев дека е тој човекот кој ќе му го чува грбот, како претседател се разбира ?

Дали цената што ќе ја плати ДУИ за штетата што ја има СДСМ со овој потег е консензуален претседател по мерка на Заев?

Претходно пишувавме дека понудата на Заев за консензуален претседател до ДУИ е во ликот и делото на Оливер Спасовски, верен партиски другар кој ќе му го чува грбот и слбодата на Зоран Заев кога не би бил премиер ? Многу веројатно е дека првата сметка која ја испорачале ДУИ е адреналинска инјекција за нивниот рејтинг кој е во слободен пад.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести