„Таа последна ноќ која ја поминавме ќе ми остане во сеќавање и никогаш нема да ја заборавам и да ја избришам од главата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 февруари, 2019 21:26

Ексклузивно интервју на кумот од Шабан Шаулиќ – како се случила несреќата !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тешко ми е да зборувам, јас сум искршен во цело тело и срцето ми е скршено. Не знам што да кажам во овој момент, на секое прашање тешко ми е да одговорам, чудно се чувствувам !!Дали ќе биде подобро се надевам, изјави во ексклузивно интервју за ТВ телевизија Слободан кумот на Шаулиќ, кој трагично настрада во сообраќајна несреќа во Германија. 

Во своето видео интервју Слободан раскажува како се случила несреќата во неделата наутро во Германија, во која тешко настрада познатиот пејач Шабан Шаулиќ и неговиот музичар и клавијатуриста Мирсад Кериќ. Тој своето интервју го започнува дека му се заблагодарува на бог што преживеал, а раните кои ги има тешко дека ќе зараснат.

Тој изјавува дека болката на телото ќе помине, но една болка никогаш нема да помине, а тоа е болката за неговиот пријател, кум и брат Шабан Шаулиќ. Рече дека не треба на никому да кажува за Шабан кој е и што е, бидејќи сите го познаваат каков добар човек бил. Слободан со него поминал половина од неговиот живот и вика дека со Шаулиќ споделувале и добро и зло.

„Таа последна ноќ која ја поминавме, ќе ми остане во сеќавање и никогаш нема да ја заборавам и да ја избришам од главата. Ќе објаснам кратко како и што се случи. Многу ми беше чуден, чудно се однесуваше. На настапот неколку пати гледаше во часовникот, како да се брзаше некаде. Зошто гледаше не знам, никогаш тоа не го правеше претходно.  Но, никогаш не можев да претпоставам, ни на крај памет ми беше да помислам дека ќе се случи нешто страшно„. 

Јас тоа утро се договорив со него да го разбудам во 6 и 15 часот. Наш колега Мирсад спиеше заедно со мене во собата. Кога ми заѕвони телефонот, скокнав имаше уште три минути. Се разбудив и чекав да поминат три минути па да појдам да го разбудам Шабан, ја започнува својата приказна кумот од Шабан, кој заедно со него беше во автомобилот кога се случи сообраќајната несреќа.

„Кога го завршивме настапот, тргнавме во хотел да спиеме 1 час. Јас цел живот го разбудував Шабан, бидејќи патувавме секаде и станувавме рано. Секогаш водев грижа за него.

Јас тоа утро се договорив со него да го разбудам во 6 и 15 часот. Нашиот колега Мирсад спиеше заедно со мене во собата. Кога ми заѕвони телефонот, скокнав имаше уште три минути. Се разбудив и чекав да поминат три минути па да појдам да го разбудам Шабан.

Во тој момент јас слушнав лупање на вратата, не знаев кој е, помислив дека е собарката од хотелот и помислив зошто така да тропа на вратата рано на утро. Ја отворив вратата и кога го видов Шабан стоеше тука, спремен го држеше куферот во рацете.  Стоеше изненаден и ме праша зошто не сум се спремил до сега и зошто не сум го разбудил до сега.„

„Јас му реков зошто да те разбудам сега, кога требаше да те разбудам за 10 минути.

Не, не побрзај те молам, задоцнети сме, знаеш дека секогаш јас сум професионалец. Ми рече побрзај, побрзај да не ве чекам многу..

Јас го разбудив Мирсад и ние слеговме долу во хотелот за 10 минути. Не испивме ни кафе, а Шабан не испуши ни цигара. Чудно ми беше во последно време, пушеше по пола цигара и ја фрлаше, а од секогаш беше страстен пушач.„ 

„ После тоа, тргнавме со автомобилот од Мирсад, малку ми беше чудно што автомобилот беше мал, но влеговме и тргнавме. Пред да тргнеме ја отворив десната врата и го прашав Шабан дали сака да седне на задните седишта, затоа што тој секогаш седеше во позадината од колата, никогаш напред не седеше.

И ми рече јас ќе седнам сега напред, ти седи позади. Ја се наместив во ќошот од автомобилот едвај, затоа што беше премал, ја ставив капата на главата. Тој седна пред мене, јас му до дадов појасот и му реков во тој момент зошто се врзуваш со појасот ако ти смета, знам дека не сакаш да те стега.

Тој одговори дека сака денеска да се врзе, затоа што сака да биде се како што треба.„

„Тргнавме сите, зборнавме само неколку реченици, јас ги затворив на секунда очите онака уморен како што бев се возевме некаде 10 до 15 минути.

Бидејќи беше утро јас бев уморен и сакав да заспијам малку. Во еден момент само почувствував јак удар и после ништо не се сеќавам. После во еден момент на кратко се разбудив и го видов Мирсад како лежи во чудна положба на седиштето, а Шабан не беше тука„ 

Ја слушнав само полицијата…. 

ПОГЛЕДНЕ ТЕ ГО ЦЕЛОТО ВИДЕО ТУКА: 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...