Имено позаканите и вербалниот напад врз новинарката Мери Јордановска тојвчера упатил закани и до Коровешовска. На ова реагираше и самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и поповторно ги повикува институциите да реагираат на заканите кои Емил Јакимовски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јануари, 2020 18:27

Емил упатил закани и до уредничката на Алфа ТВ- ССНМ бара итно превземање мерки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Емил Јакимовски за кој денеска беше обелоденето дека е креатор на Фејсбук страницата на Централен регистар упатил закани до новинарката и уредник во „ТВ Алфа“ Искра Коровешовска.

Емил Јакимовски со месеци е на боледување, па не може да се спроведе дисциплинската постапка против него.
Емил е член на ВМРО ДПМНЕ, но партијата се огради од него по последните закани кон новинарката Мери Јордановска.

Имено позаканите и вербалниот напад врз новинарката Мери Јордановска тојвчера упатил закани и до Коровешовска. На ова реагираше и самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и поповторно ги повикува институциите да реагираат на заканите кои Емил Јакимовски.

– Претходно Јакимовски на својот фб-профил објави и недолична содржина за Коровешовска со цел да ја дискредитира, користејќи недолични и крајно навредливи зборови. Со оглед на тоа што во период од неколку дена, повеќе новинари се огласија дека добиваат закани од истото лице, ССНМ бара од МВР и ОЈО итно да преземат мерки за ваквите напади и закани врз новинарите, бидејќи во спротивно несанкционирањето на заканите ќе значи и охрабрување за сите кои сметаат дека на таков начин можат да се справуваат со новинарите – се вели во соопштението.

ССНМ ги охрабрува новинарите и медиумските работници веднаш да ги пријавуваат ваквите закани, онлајн малтретирања, навреди и напади до синдикатот, како и до соодветните институции бидејќи, како штос е наведува, само со заедничка и здружена реакција може да се врши поголем притисок врз институциите за да реагираат. 

– Безбедноста на новинарите и медиумските работници е од клучно значење за слободата на медиумите, бидејќи нема професионалност и објективност доколку се работи во атмосфера на страв. ССНМ затоа ја отвори и бесплатната линија за помош при напад на новинари и медиумски работници и ги повикува сите кои се предмет на какви и да било закани, онлајн малтретирање, физички или вербални напади веднаш да го пријават на телефонскиот број 0800 11 011 – стои во соопштението од ССНМ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести