СМК повторува дека со погрешно толкување, Бугарија врши флагрантно кршење на Договорот Заев-Борисов.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 ноември, 2020 6:49

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС!

НЕПРИФАТЛИВ Е АНЕКС НА ДОГОВОРОТ ОД 1 АВГУСТ 2017 ГОДИНА КОЈ БУГАРИЈА ФЛАГРАНТНО ГО ПРЕКРШУВА!

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла барањата на Софија за анекс на Договорoт Заев-Борисов од 1 август 2017 година, со содржина од бугарската Рамковна позиција и Декларацијата на бугарскиот парламент од 10 октомври 2019 година според која: Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, не постои бугарска фашистичка окупација врз Македонија во Втората Светска Војна, нема македонско национално малцинство во Бугарија, и македонската историја до 1944 година е бугарска историја!

СМК повторува дека со погрешно толкување, Бугарија врши флагрантно кршење на Договорот Заев-Борисов.

Кај Македонците не постои омраза кон Бугарскиот народ, ниту Македонскиот народ е креација на антибугарска државна идеологија наследена од времето на комунистичка Југославија и затоа СМК ги отфрла сите вакви обвинувања како алиби за бугарскиот наци-фашизам кон Македонскиот народ и државата Македонија!

Договорот Заев-Борисов не е склучен заради ревизија на македонската историја, ниту прашањата за кои постои недоразбирање или спротивно мислење треба да бидат пречка за унапредување на вкупните билатерални односи по други прашања во односите меѓу двете држави – Македонија и Бугарија, и двата народа – Македонскиот народ и Бугарскиот народ!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името на Македонскиот народ, јазик, култура и историја, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести