Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден.

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2020 0:02

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина д-р Владимир Евтимовски, радиолог од тетовската болница!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На 50-годишна возраст почина д-р Владимир Евтимовски, радиолог во Клиничката болница во Тетово. Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста.

Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден.

Состојбата нагло му се влошила по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а денес починал.

Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет.

Корона вирусот во Македонија не стивнува!

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е заразена од корона вирусот, а нејзината температура не паѓала, па веднаш била префрлена во болница.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитализирана поради заразеност од корона вирусот. Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам?

Tелесната температура не ми спаѓа под 38,5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирана ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна“, напиша Зајкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam