Со оваа мерка се опфатени 55.000 земјоделци, а обезбедени се 200 милиони денари од Програмата за директни плаќања, истакна премиерот Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 јули, 2019 19:22

Заев ги додели првите картички за користење на мерката зелена нафта!

Фото/Текст извор: ©сител магазин

Денеска во битолското село Кравари беа поделени првите картички за „зелена нафта“.

Со оваа мерка се опфатени 55.000 земјоделци, а обезбедени се 200 милиони денари од Програмата за директни плаќања, изјави премиерот Заев.

– Најголемиот трошок во производството отпаѓа токму на нафтата. Поради тоа цената на земјоделските производи е висока, а тоа ги прави неконкурентни на домашниот и на странските пазари. Започнуваме со 30% поеvтина нафта со тенденција субвенцијата да се зголеми на 50% од малопродажната цена на горивото, рече Зоран Заев, 

Со оваа мерка се опфатени 55.000 земјоделци, а обезбедени се 200 милиони денари од Програмата за директни плаќања, изјави премиерот Заев.

Откако беа доделени картичките, премиерот, министерот за земјоделие и директорот на платежната агенција, заедно со земјоделците на бензинска станица проверија како функционираат.

– Ги добивмe картичките, веќе функционира, ова е голема помош за сите земјоделци, рече Ерџан Али, земјоделец од Кравари.
– Историски ден за нас земјоделците, ќе ни помогне многу за обработка на земјата, може да конкурираме и ние, рече Бурим Банушевски, земјоделец од Меџитлија.

Со овие картички земјоделците ќе можат да точат исклучиво „евродизел“ за земјоделската механизација.
– Првото гориво се наточи за земјоделската механизација, ова е голема помош за самите земјоделци бидејќи го поевтинува процесот на производство. Со тоа самиот производ добива дополнителна додадена вредност која значи подобра економија на агросекторот, рече Никола Бабовски, директор на АФПРРЗ.
– Видовме дека перфектно функционира наплатата, системот кој беше планиран, функционира. Очекуваме дека земјоделците ќе ги намалат трошоците, целта на ова е поконкурентно производство, рече Трајан Димковски, министер за земјоделие.
Средствата на картичките земјоделците треба да ги искористат до крајот на април 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...