Дали ќе бидат во декември или се на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз. Затоа што ништо не е променето таму – вели Заев.

Објавил: admin@magazin | 21 октомври, 2019 21:22

ЗАЕВ: Дали ќе биде 12 април или декември, ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз, но сега МРЧАТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во интервју за емисијата 360 степени на Алсат рече дека ВМРО – ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз. 

Премиерот Заев во интервју за емисијата 360 степени на Алсат изјави дека ВМРО ДПМНЕ дефинитивно бега од избори.

Де факто ВМРО-ДПМНЕ не треба да цепидлачи владата да биде 100 дена. Тие дефинитивно бегаат од избори. Бараа избори, понудивме демократска зрелост и сега почнува мрчењето. Дали ќе бидат во декември или се на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз. Затоа што ништо не е променето таму.

На последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ не изгубиле оти ја имале контролата над диктаторската власт, а сега, вели, апсолутно немаат власт да ги контролираат душите на граѓаните како што тоа го правеле.

Додека пак Мицкоски во своето гостување во емисијата „КланДебата“ рече дека станува збор за лицемерие на Заев, затоа што цела нација е во исчекување да државата добие датум за преговори.

Истиот ден кога го испративме Зоран Заев во Брисел да лобира, да се обиде да добие дата за отпочнување на преговори, во Собранието добивме честитка од „Илинденска“ бр.2 предлог закон за опојни дроги по постапка којашто на тој закон му доделува европско знаменце којшто се фокусира на производството и трговијата со марихуана, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хритијан Мицкоски.

Покрај сите арамилуци, криминалии што сте ги направиле сите очи се вперени во вас таму е пола влада , беа во Њујрк, во Брисел имаат задача дали ќе добиеме датум и паралено со тоа се злоупотребува европксот знаменце за да донесе закон којшто се однесува на опојните други, додаде Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...