Политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Зеколи на социјалните мрежи го посочи разоткривањето на тајниот план за Преспанскиот договор

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 13:14

Заев и Ципрас имаат таен план за Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Аналитичарот Арсим Зеколи ги коментираше последните случувања околу Преспанскиот Договор за промена на името и гаранциите кои ги бара Грција односно нивниот претседател.

Меѓу другото тој посочи и на тајниот договор помеѓу СДСМ и Грција за одолговлекување на ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.

Како што вели Зеколи молкот за ваквите обвинувања од страна на македонската влада го вклучува алармот дека навистина пости таков скриен договор.

Аналитичарот го посочи и настапот на професорот Шкариќ кој ја уверуваше македонската јавност дека околку Атина не испорача, се ќе се врати на старо а ние наводно ќе бидеме морални победници што впрочем значи дека Македонија нема никакви гаранции дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот парламент.

Наместо да ние бараме гаранции дека Грција ќе се придржува кон Договорот, се најдовме во ситуација да Грција (поточно, нивниот Претседател) бара писмени гаранции од нас дека ние ќе се придржуваме кон Договорот.

Да биде поголем апсурдот, тоа барање од Павлопулос доаѓа по оставката на Козијас и самоименувањето на Ципрас како нов МНР.

Што повлекува прашање дали Павлопулос бара гаранции од нас и нашата Влада или пак од неговата Влада како предуслов и/или изговор за било какво започнување со исполнување на нивниот дел од обврските.

Неколку дена претходно дознавме дека сепак имало анекси (џентлменски, претпоставувам) на Договорот помеѓу СДСМ и Атина, а притоа никој не одговара на прашањата дали има и други анекси на Договорот.

Ништо од ова не би било повод за тревога. Но молкот на службеното и медиумското Скопје упатува на заклучок дека некаде сепак е вклучен алармот дека за некого сетики ќе почнат да бијат камбаните.

И на крај, Шкариќ не уверува дека доколку Атина не испорача, се ќе се врати на старо а ние ќе бидеме морални победници. А Грците ќе се засрамат. И посрамотат пред цел свет. Сите со презир ќе ги гледаат и со прст покажуваат.

А за нас ќе им биде жал. – напиша Зеколи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести