Новата сала со површина од 1300 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини е современ простор за изведување на наставата по физичко, за правилен развој на децата и за поттикнување на нивните први спортски интереси.

Објавил: Перо Милчин | 20 февруари, 2021 10:57

Заев од Стримица: Вложувањето во физичката култура и во спортот ќе даде уште поголеми резултати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, вчера попладне беа во посета на новоотворената спортска сала во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.

Новата сала со површина од 1300 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини е современ простор за изведување на наставата по физичко, за правилен развој на децата и за поттикнување на нивните први спортски интереси.

При посетата премиерот Заев рече: „Струмица е спортски град, со спортски традиции кои претставуваат значаен дел од македонскиот спорт и убеден сум дека вложувањето во физичката култура и во спортот ќе даде уште поголеми резултати.

Спортската сала во основното училиште „Никола Вапцаров“ е енергетски ефикасна и наскоро ќе биде приклучена на градската гасоводна мрежа заради ставање во функција на топловодната инсталација како уште еден поволен услов за изведување на наставните и спортските активности.“

Министерката Царовска истакна дека отворањето на спортската сала е добра вест за децата, затоа што овие објекти се места каде што се создава љубовта кон спортот и се создаваат здрави млади луѓе, од кои некои ќе се развијат во врвни спортисти.

Секое дете заслужува нормални услови за настава, вклучително и за настава по физичко образование. Затоа, еден од најкрупните проекти со кои значително се унапредува образовната инфраструктура е проектот за изградба на училишни спортски сали и рехабилитација на училишни објекти. Досега се завршени и предадени во употреба 88 спортски сали“, додаде Царовска.

Со изградбата на спортската сала решивме еден многу значаен проблем и задоволивме големи потреби во воспитно – образовниот процес, обезбедувајќи соодветна инфраструктурна поддршка за квалитетно физичко и здравствено образование.

„Ја користам приликата да се заблагодарам на премиерот Зоран Заев, на Владата која преку Министерството за образование обезбеди 40 милиони денари за изградба на салата, а свој удел имавме и ние како Општина со расчистување и подготовка на теренот за градба, приклучување на водоводната, канализационата и електродистрибутивната мрежа, а ќе го решиме и затоплувањето на салата со приклучување на гасоводната мрежа, во вкупен износ од над 2 милиони денари.

Со ова капитална инвестиција покажуваме и докажуваме дека Струмица со поддршка од Владата, навистина е грижлив град, кој се грижи за сите свои граѓани и секако за најмладите на кои им овозможуваме нови спортски објекти за правилен физички развој и создавање навики за здрав живот“, истакна градоначалникот Јаневски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.