Зоран Заев- капитулант кој ги прифати сите грчки барања

Објавил: admin@magazin | 11 јуни, 2018 10:07

Заев ја брише Македонија со прифаќање на сите грчки барања

Фото/Текст извор: ©Курир

Денеска премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе се чујат телефонски за да разговараат за напредокот на преговарачкиот процес за спорот со името, дознава „Макфакс“ од високи дипломатски извори. Станува збор за долгонајавуваниот телефонски разговор меѓу Заев и Ципрас за финализирање на договорот, кој се очекуваше да се случи пред десетина дена.

Како што дознава „Макфакс“, доцна викендов на советничко ниво, двете земји преку нивните советници разговарале за одредени отворени прашања и постигнале напредок. Оптимизам дека македонскиот премиер ќе го направи „решителниот чекор“ и ќе се постигне договор, изразува портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкиот весник „Неа селида“.

– Преговорите, но и политичката одлука за решавање на спорот со името не се лесни. Господинот Заев треба да размисли за сите аспекти и да преземе голема одговорност кон неговите сонародници, нешто за што сум сигурен дека ќе го стори. Ако некои во политичкото раководство на ПЈРМ сакаат да ја поткопаат можноста за изнаоѓање решение, не е нешто што би можел да го знам. Но, оптимист сум дека на крај господинот Заев ќе го направи решителниот чекор и ќе стигнеме до договор, вели Ѕанакоппулос и додава дека и Заев и Ципрас знаат дека решението е „неопходен предуслов за иднина на солидарност и соработка на Балканот“.

Според извештаите, 95 проценти од преговорите се завршени и само уште неколку детали, иако значајни, остануваат пред да се склучи конечен договор, пишува „Катимерини“. Ако сè оди според планираното, договорот ќе биде ставен на гласање во македонското Собрание пред самитот на ЕУ, а потоа ќе биде ставен на референдум најверојатно во септември. Ако Парламентот го одобри, тогаш Атина ќе испрати писмо до ЕУ и НАТО за деблокирање на пристапувањето на Скопје кон двете организации.

Грчкото писмо ќе се однесува на договореното име – Северна Македонија, Горна Македонија или некое трето. Ако договорот помине на септемврискиот референдум, тоа ќе го отвори патот за ревизија на Уставот, што е клучно барање на Грција. Ако, пак, резултатот од референдумот биде негативен, тогаш договорот меѓу Атина и Скопје ќе пропадне.

Зоран Заев- капитулант кој ги прифати сите грчки барања

Од опозициски „патриот со црвени линии“ до премиер кој прифаќа буквално се што Грција ќе побара. Неверојатната промена на ставовите на Зоран Заев кои Македонија ја носат во пораз со историски димензии има своја законoмерност што може да се следи етапно и секогаш од подобро кон полошо, анализираше вчера ТВ АЛФА.

Пред неколку години, кога ја обвинуваше претходната влада дека размислувала за додавка на името во заграда, тврдеше дека таа ги загрозува државата и народот. Потоа се премисли и рече дека разни додавки на името се за разгледување но без никакво чепкање на уставот.

Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец – изјави Заев во 2013 година во Струга.

Пред изборите во 2016-та година, рече дека СДСМ ако формира влада ќе ги задржи црвените линии од кои нема отстапување, а тие се: нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав. На почетокот на оваа година потенцираше дека Грците со ерга омнес бараат промена на македонскиот устав, но дека неговата влада има сосем спротивна позиција.

 Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев.

Пред две години лидерот на СДСМ оптимистично порача дека „се нема родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет“.Но во последните неколку месеци самиот се демантираше и излезе дека токму тој е човекот што ќе ги прифати сите грчки барања. Во април, срамежливо најави промена на уставот и референдум заедно со влезот на Македонија во ЕУ. Истиот месец гордо истакна дека е првиот премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и дека тоа помогнало во преговарачкиот процес. Дополни дека грчката страна имала разбирање за нашиот идентитет, иако наскоро се покажа дека всушност и немала. Со несмасниот обид преку предлогот„Република Илинденска Македонија“, кој од Грција експресно беше одбиен, Заев како свршен чин го наметна прифаќањето на ерга омнес и уставни измени, а во последните денови на виделина излезе дека навистина нема црвени линии, иако се чини дека за грчката страна никаква отстапка нема да биде доволна.

Поради политичкото салто мортале Заев веќе доби кривична пријава од една политичка партија која го обвини за велепредваство, а останува да се види каква ќе биде реакцијата на граѓаните во целина кога

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести