За подготовка на овој рецеп не ви е потребно нешто посебно, намирници кои ве чекаат во кујнскиот шпајз.

Објавил: Весна Петровска | 21 јануари, 2020 21:28

ЗАПРЕТЕ ЈА КАШЛИЦАТА: Природен лек против кашлица кој мора да го направите

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Во овој период од годината владеат многу настинки па наместо да пиете апчиња можете да си направите и домашен лек за да го зајакнете имунитетот.

Со помош на овој сируп веднаш ќе ја запрете кашлицата и на своето тело ќе му ја вратите енергијата, која секогаш му недостига, особено во овој период од годината.

За подготовка на овој рецеп не ви е потребно нешто посебно, намирници кои ве чекаат во кујнскиот шпајз.

Состојки:

-6 листови од ловор

-2,5 децилитри вода

-6 лажици шеќер

-1 лимон

Во сад зоврите ја водата. Додавајте ловоров лист и поклопете десетина минути. Откако ќе ги извадите листовите, смесата сипете ја во сад во кој ќе го подготвите срупот. Во смесата ставете го шеќерот и исцедете цел лимон.

Откако сѐ добро ќе измешате почекајте шеќерот да се стопи. Земајте по една лажица од овој сируп неколку пати дневно. Првиот ден може да конзумирате по една лажица секогаш кога ќе се јави кашлицата.

Напомена: Овој сируп може да се чува во фрижидер неколу дена. Може да го користите и топол и ладен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...