Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

Објавил: admin@magazin | 2 април, 2020 13:19

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално претепуваат девојка и се снимаат.

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти денеска дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

-Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи.

Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување.

Полицијата информираше. Насилниците се веќе приведени.

Преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата и истите се лишени од слобода. Според информациите од полициската станица во Штип, станува збор за лицат со иницијали С.А. и П.Р, објави на својот ФБ профил техничкиот министер Наќе Чулев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести