„Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 јули, 2019 12:35

ЗАХАРИЕВА СЕ ПРЕДОМИСЛИ: „Не гледам што толку се караме за Гоце Делечев, тој треба да не обединува„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во разговор за „БНТ„ рече дека Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија и дека не треба да ги разделува двете земји.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Захариева во интервју за БНТ, рече дека не гледа зошто толку двете држави се караат за Гоце Делчев, затоа што оваа личност треба да ги обединува двете земји.

„Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува. Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија.

Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува“, рече Захариева во разговор за „БНТ“

Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија е пример за градење на добрососедските односи во регионот, истакна претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов на средба која ја оствари пред два дена со премиерот Зоран Заев, одржана на маргините од Самитот на земјите од Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес.

Државите од Западен Балкан треба да вложат максимални напори за развој на односите со своите соседи од ЕУ. Несомнено еден од најдобрите примери за тоа е договорот меѓу Софија и Скопје што ја отвори можноста за отворање на преговорите со Северна Македонија за членство во Унијата, изјави Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.