Станува збор за видео снимка, каде токму тој, вицепремиерот Бујар Османи со службениот автомобил поминува на црвено, а вози и по ,,островот”. Оваа снимка брзо се рашири по социјалните мрежи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 мај, 2019 10:34

За него не важат закони: Бујар Османи со службено возило поминува на црвено

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако секојдневно го слушаме вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи како зборува за Европа и Европски вредности, сепак изгледа дека за него не важат законите во државава, а уште полошо е тоа што токму тој прави сообраќаен прекршок а зборува за влез во ЕУ.

Станува збор за видео снимка, каде токму тој, вицепремиерот Бујар Османи со службениот автомобил поминува на црвено, а вози и по ,,островот”. Оваа снимка брзо се рашири по социјалните мрежи.

“Нормално за нив закон не постои”, “Овој е за Формула 1 не за министер”, “Овој ли ќе не води во Европа”, “Вака никогаш нема да не примат во Европа, им завидувам на Американците”, се само дел од коментарите на револтитраните граѓани до кои допре видеото.

-Кога си со службено возило законите не вaжaт за тебе, пишува Фуркан Салиу кој го сподели видеото.

Инаку за самоволието на функционерите, говори и тоа што токму вчера заменик министерот за култура Владимир Лазовски предизвика сообраќајна несреќа пред Собрание, вртејќи . Лазовски направил сообраќаен пpeкршок при што вртејќи на две полни ленти ја пpeдизвикал нecpеќата, во која моторциклистот се зaбил во неговото возило.

Во продолжение го погледнете го видеото во кое Османи поминува на црвено светло.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести