Дали власта ќе влијае врз изборот на новите судии и јавни обвинители ?

Објавил: Узунов Бобан | 25 август, 2019 23:17

Идните судии и обвинители полагаат под “координација” на генералниот секретар на Владата Рашковски ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Деновиве актуелен е огласот за прием на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители врз основа на кој ќе треба да се примат 60 слушатели во Академијата кои после две годишната обука треба да бидат избрани за судии и јавни обвинители по судови и јавни обвинителства низ цела Македонија. Toa што е сипмтоматично, а магазин го истражуваше е какво влијаение може да има власта при изборот на судии и јавни обвинтели ? Дали тоа што генереалниот секретар е вклучен во процесот и системот на електронско полагање ќе му овозможи на Зоран Заев да го отвори судството како пупка уште во својот зародиш ?

На 16 април 2018 година Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на склучува договор со фирмата ИНВОКА ГРОУП СКОПЈЕ застапувана од извесен Трајче Станчев според кој Генералениот секретаријат на Владата од име и за сметка на Академија за судии и јавни обвинители ќе ги коорднира активностите меѓу кои и системот за електронско тестирање и институциите корисници. ДЕЛ ОД ДОГОВОРОТ СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ РАШКОВСКИ  ВО ИМЕ И ЗА СМЕТКА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ И ФИРМАТА ИНВОКА КОЈА ГО ОДРЖУВА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПОЛАГАЊЕ.

Преку овој процес директно преку образлагање на сите детали, внатре, дел по дел ќе се отвори како пупка, и верувам дека на тој начин граѓаните на еден транспарентен начин преку доказната постапка, онака како што личи на правна држава ќе ја дознаат целата вистина поврзана со овој предмет“.

Вака премиерот Зоран Заев зборуваше за судството кога беше актуелен случајот „Поткуп“ во кој тој беше обвинет за наводно барање мито од струмички бизнисмен.

 Со последните законски измени на Законот за академија за судии и јавни направени од актуелната власт беше избришан просекот и поседувањето на меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик како два услови за влез во Академијата.

Многумина експерти реагираа на паѓањето на стандардите за идните судии и обвинтели сметајќи дека со тоа се отвора врата и правници со послаб квалитет но партиски подобни да бидат згрижени како судии и обвинители. 

Но да почнеме со ред. 

Во соопштение до јавноста објавено на 15 јули оваа година на страницата на Академијата за судии и обвинители, директорката Наташа Габер Дамјановска  известува дека ги превземала чекори и укажувања за спречување на корупција и судирот на интересите во Академијата во процесот на полагање на приемниот испит.  

Извадок од соопштенито на директорката на Академија за судии и јавни обвинители од 15 јули:

Исто така, информираме дека, укажување беше доставено и до системот за електронско тестирање кој е одговорен за спроведување на испитите, како и до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, како договорен орган кој во име и за сметка на сите институции кои спроведуваат електронски испити е задолжен да ги координира активностите помеѓу системот за електронско тестирање и институциите корисници.

Јавноста не доби одговор дали генералниот секретаријат постапил по укажувањата на директоката на Академијата за судии и јавни обвинители за да спречи евентуален судир на интереси на лица од Генералниот секретаријат и системот за електронско тестирање ?

Прашања од јавен интерес се поставуваат: Прво дали може да зборуваме за независна Академија за судии и јавни обвинители кога генералниот секретар на владата и еден од најмоќните луѓе на извршната власт  одлучува која фирма ќе ги спроведува испитите за Академијата и ќе ги коорднира активностите на системот за полагање ?

Второ, дали Драги Рашковски кој неодамна беше во центар на скандалот со наводно местење на тендер во М-НАВ, актуелната власт на чело со премиерот Заев ќе одолеат на искушението да не влијаат врз изборот на прием на слушателите на академијата за судии и јавни обвинтители?

Трето, сето ова ако се има предвид дека  Наташа Габер Дамјановска позната и како сестра на Виктор Габер, своевремено претседател на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, поранешен амбасадор на Република Македонија во Австралија која станува Уставен судија во 2008 година на предлог на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, дали ќе спречи било каквко влијание на власта врз изборот на идни судии и обвинители ? 

ПОТПИСИТЕ НА РАШКОВСКИ И УПРАВИТЕЛОТ НА ИНВОКА

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести