Денеска гласаат болните и изнемоштените, исто така во домашни услови и под посебни Ковид протоколи, како и осудените лица во петте казнено поправни установи во земјава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 декември, 2020 8:37

ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК: Во Штип гласаат болните, немоќните, осудениците и станарите на геријатриските домови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите 12 граѓани позитивни на Ковид 19 или во изолација, кои по електронски пат се пријавија за гласање во ОИК го искористиле своето демократко право. Тие вчера во текот на денот беа посетени од две медицински екипи посебно опремени со медицинска заштитна опрема, пренесе Сител!

Денеска гласаат болните и изнемоштените, исто така во домашни услови и под посебни Ковид протоколи, како и осудените лица во петте казнено поправни установи во земјава.

Вкупниот број на избирачи е 41.777. Гласачките кутии на 77 избирачки места се отвораат во недела, на 13-ти декември, во 7, а се затвораат во 19 часот. За успешен изборен процес потребно е на избирачките места да излезат една третина од вкупниот електорат.  

Доколку нема цензус, целото гласање започнува од почеток. Нема втор круг, туку едноставно се  запира и Собранието на Републиката изгласува дека ќе има нови избори во општина Штип, да поминат регуларните денови за изборниот процес- изјави Сенка Андреева, претседател на ОИК-Штип.

Доколку пак има цензус и еден од вкупно 5-те кандидати ја добие довербата на повеќе од 50% од излезените избирачи, втор круг нема да има, а новиот градоначалник ќе се знае во недела навечер.

Неговиот мандат ќе биде 9 месеци до одржувањето на редовните локални избори следната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести