Откако ќе ја добиеме довербата на народот, а ќе ја добиеме на следните предвремени парламентарни избори, ќе видите кои ќе бидат чекорите и кои процеси ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени.

Објавил: Едмонд Бекири | 3 февруари, 2019 12:15

Интервју со Мицкоски – Заев сака да ги украде изборите (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©radioslobodnaevropa

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за радио слободна Европа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ прво треба да победи на избори, да формира влада, па на менување на процесите ќе оделе чекор по чекор.

Тој во своето интервју за радио слободна Европа изјави дека од кога ќе ја добијат довербата на народот, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада, па ќе следува менување на процесите чекор по чекор.

Господине Мицкоски, од денешен аспект дали би играле поинаку во однос на вашиот став во однос на името, кој според дел од јавноста беше недефиниран?

Дали би играле поинаку од денешен аспект. Потврдата на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и позициите на ВМРО-ДПМНЕ ако ме прашувате поврзан со Договорот од Преспа го кажа народот, народот го кажа на 30 септември дали позициите на ВМРО-ДПМНЕ беа исправни или не беа исправни.

Со тоа што народот одлучи да молчи, затоа што како што во минатото некои политичари на СДСМ сакаа да кажат – некои прашања не заслужуваат одговор. Така што од оваа перспектива гледано можам да кажам дека го избравме правилниот пат, а тоа беше патот заедно со народот, патот на правдината, на честитоста, на вистината и патот на Македонија.

Народот одлучи да молчи, тоа е на некој начин бојкот, но вие пред референдумот не го искажавте ставот дека сте за бојкот на референдумот?
Вие ме прашавте за мојот став, јас на денот на референдумот на 30 септември го кажав мојот став – нема да излезам на референдумот и дека нема да гласам, односно прашањето вакво какво што е не го заслужува мојот глас.

Господине Мицкоски Договорот од Преспа јавно го поддржаа повеќето западни земји и сојузите кон кои што се стреми и Македонија, а и вашата партија. Сега ветувате дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сè за да ги измени процесите кои произлегуваат од него. Подготвен ли сте да ги трпите последиците и за партијата и за државата од ваквиот потег?
Ги знаете Вие кои се последиците за партијата и за државата на тие чекори кои ние ќе ги направиме откако ние ќе ја добиеме довербата на граѓаните?!
Па Вие не ги прецизирате чекорите. Што подразбирате под ќе направиме „сè?

Откако ќе ја добиеме довербата на народот, а ние ќе ја добиеме на следните предвремени парламентарни избори, се разбира доколку парламентарното мнозинство се одважи, ќе видите кои ќе бидат чекорите и ќе видите кои процеси ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени во иднина.

Така што јас би бил навистина внимателен, ја разбирам потребата од откривање сензационализми предвреме. Но јас би бил внимателен навистина во чекорите кои се одат еден по друг, така што ајде најпрвин да видиме дали владејачкото мнозинство ќе се охрабри ќе се одважи, ќе се осмели да ја поддржи иницијативната на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори. Потоа втората интерација каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата на граѓаните, формираме влада, па дури потоа ќе одиме чекор по чекор во процесите коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени.

И одма сега тука можам да ви дадам одговор и на второ можно прашање бидејќи не така одамна и тоа ми беше поставено – Дали ќе бидам премиер на Република Северна Македонија, јас и тогаш кажав, еве и сега ќе го повторам дека подготвен сум да бидам премиер и за мене секогаш ќе остане Република Македонија не сметајќи ја оваа историска грешка којашто ја направи владата на СДСМ и Зоран Заев заради лични и кариеристички цели.

Ова господине Мицкоски значи дека ќе потегнете иницијатива за повторна измена на Уставот или пак значи дека нема да го почитувате Уставот, бидејќи уставните измени се веќе донесени и ќе стапат на сила.

Ниту еден процес во историјата не е еднонасочен, сите процеси во историјата искуството вели дека биле реверзибилни. Прашање на време е кога повратната врска ќе се реализира. Така што важно е претходно да се случат некои други процеси, па дури потоа ВМРО-ДПМНЕ ќе може пред граѓаните на Република Македонија да го спроведе ова што ние денеска го разговараме и она врз основа на што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради идната своја политичка доктрина. Ние сме партија којашто е непосредна, партија од народот, од граѓаните, партија која што е честита, искрена и принципиелна. Ние не можеме да ветуваме нешто што не можеме да оствариме.

Ние не можеме истовремено да бидеме патриоти во топлинки дома пред компјутери и да пишуваме статуси на социјалните мрежи, ниту пак ќе зборуваме она што граѓаните сакаат да го слушнат. ВМРО-ДПМНЕ може да вети, јас можам да ветам дека откако ќе ја добијам довербата на граѓаните, ќе сторам сè што е во моја моќ процесите да ги изменам. За мене постоела, е и ќе остане Република Македонија, а сето ова останато го сметаме за историска грешка и тука немам што да додадам и што да изгубам.

Повторно може ли една поширока дефиниција, што подразбирате под ќе направиме „сè“. Дали тоа значи непочитување на Договорот од Преспа?

Ние може до задутре вака да си играме со прашањето што подразбирате откако ќе се случи тоа и тоа, но јас ви го дадов одговорот најпрвин треба да ја добиеме довербата од граѓаните, а потоа ќе бидете сведоци на сите чекори и на сите интерации коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи во процесите кои следат. И ова не го зборувам како политиканство, ова го зборувам затоа што го мислам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...