„Одлучив дека морам да пријавам некаде. Се обратив кај премиерот, го информирав. На првата средба му објаснив се. Човекот беше запрепастен, не му се веруваше. Имавме втора средба кај што морав да му покажам дел од работите. Ги виде, немаше зборови, и ми рече: „Остави два дена, затоа што не ми се верува просто“. Ми се јави и ме замоли, се што имам, се што знам, да однесам кај обвинителката Рускоска. Јас истото тоа го сторив. Сите работи ги доставив до обвинителството, за да пробаат од тие докази да може да се пробаат да го сопрат она што се случува“, рече Камчев.

Објавил: Весна Петровска | 6 декември, 2019 13:54

ИНТЕРЕСНА АТМОСФЕРАТА ВО СУДНИЦАТА: Боки до Камчев: Што имаше друго во чантата освен непостоечки 1 милион евра

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Орце Камчев при сведочење за аферата „Рекет“ објаснува како реагирал премиерот Зоран Заев во миговите кога му ги презентирал и доказите дека бил рекетиран, пренесува „ТВ21“

„Одлучив дека морам да пријавам некаде. Се обратив кај премиерот, го информирав. На првата средба му објаснив се. Човекот беше запрепастен, не му се веруваше. Имавме втора средба кај што морав да му покажам дел од работите. Ги виде, немаше зборови, и ми рече: „Остави два дена, затоа што не ми се верува просто“. Ми се јави и ме замоли, се што имам, се што знам, да однесам кај обвинителката Рускоска. Јас истото тоа го сторив. Сите работи ги доставив до обвинителството, за да пробаат од тие докази да може да се пробаат да го сопрат она што се случува“, рече Камчев.

Потоа Бојан Јовановски му се обрати на Орце Камчев и му постави интересно прашање.

Боки 13 рече дека парите од 1 милион евра кои биле во чантата биле непостоечки, и го праша Камчев што имало друго во неа?

Судењето за случајот Рекет во вторникот започна со доцнење од околу еден час. На судењето Боки 13 се појави во судницата со здравствени проблеми и изјави дека не е во можност да го следи судењето. по што имаше половина час пауза и во судницата беше повикана лекарска пмош. Пред судот Боки и Катица Јанева се изјаснија како невини, Боки истакна дека ќе каже кој се крие зад целиот случај а Зоран Милески Кичеец доби казна затвор од три години.

„Само весници одозгора“, рече Камчев.

Боки повторно праша: „Што имаше друго г-не Камчев“.

Камчев: „Апсолутно ништо“.

Ова беше алудирајќи на тоа дека имало локатор во чантата или камера како што се шпекулираше во јавноста.

Боки 13 го праша кога и кој му ја вратил торбицата со 1 милион евра?

Камчев одговори: „Торбицата никогаш не ми е вратена“.

Претходно Камчев рече дека му ги спакувал парите во торба „Луј Витон“, затоа што тој ја „љубел“ таа марка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести