Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јануари, 2021 4:42

ИН МЕМОРИАМ: Почина хирургот и професор д-р Драгослав Младеновиќ од болницата „Св. Наум Охридски“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колективот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информира дека починал нивниот колега, професор д-р Драгослав Младеновиќ.

Денеска околу 17 часот не напушти нашиот драг и почитуван колега професор д-р Драгослав Младеновиќ.
 
Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје.

Беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, автор на бројни трудови од областа на дигестивната хирургија и учесник на бројни конгреси и симпозиуми во земјата и странство, соопштуваат од болницата!

Пријателите и познаниците ќе го паметат како човек со големо срце, постојано подготвен да помогне било кому и било кога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam