По грантовите од Фондот за иноваци и тендерот на Министерството за здравство ова е трета финансиска афера на владата на Заев за само 30 дена

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 7:09

И Шекеринска преку МО делела грантови по партиска линија!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шекеринска не доделила пари само на невладина во која членува самата на име НАТО туку и на невладини во која членуваат владини министри.

По откривањето на аферата дека министерката за одбрана сама си доделила финансиска помош на невладина огранизација во која самата членува се откриваат уште неправилности во делењето на државните пари. Имено две здруженија во чии раководни структури се наоѓаат министри од владата на Зоран Заев добиле финансиски средства од Министерството за одбрана.

Од сметката на министерството за одбрана ќе се префрлат 400.000 денари на здружението “Мултикултура“. Во ова здружение како што може да се види во организационата структура го има како заменик претседател на Управниот одбор Зоран Шапуриќ актуелен министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Шапуриќ патем во владата на Заев доаѓа од Либерално Демократската Партија која е коалиционен партнер на СДСМ.

Министерството за одбрана воедно доделува пари и на невладината организација “КХАМ” каде што министерството доделило 150.000 денари. Но ако се погледне биографијата на Аксел Ахмедовски актуелниот министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија ќе се забележи дека токму тој е основач но и претседател на Управниот одбор и правен советник на невладината организација “КХАМ”. Ахмедовски е потпретседател на партијата ПЦЕР која исто така е коалиционен партнер на СДСМ.

Ако Фондот за иновации делеше грантови на функционери на СДСМ во власта и партијата дали Министерството за одбрана е задолжено за делење грантови на владините коалициони партнери на Заев!?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести