Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласија ставовите околу програмата, на носителите на изборните листи.

Објавил: admin@magazin | 7 март, 2020 17:29

Каракамишева: Чувството на сдсмовец кога на гласачкото ливче ќе ја заокружи БЕСА е НЕОДОЛИВО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Чувството на сдсмовец кога на гласачкото ливче ќе ја заокружи БЕСА е неодоливо, пишува на социјалните мрежи професорката по уставно право Тања Каракамишева.

Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласија ставовите околу програмата, на носителите на изборните листи.

Тие пред неколку дена ги потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

Ајде сега ДИК нека изгласа упатство за изгледот на гласачкото ливче по азбучен редослед, Коалиција БЕСА & СДС 🙃😆🙃😆
Да ги чујам старите ес-де-ес-овци како се осеќаат????
Пријатно?
Не би рекла, пишува Каракамишева.

Носителите и кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори СДСМ ќе ги објави на конгресот на партијата што ќе се одржи во попладневните часови на 9 март, објави лидерот на партијата Зоран Заев на прес-конференција.

Заев рече дека во моментов во СДСМ се прави селекција од преку 750 кандидати за пратеници и оти тоа го прават странски и домашни експерти, и политичари од СДСМ, се разгледуваат нивните биографии, потоа ќе се прават анализи и интервјуа, а паралелно се одвиваат анкетите.

Сакаме да ги избереме најдобрите. Лидерот на СДСМ рече дека има многу добри кадри кои не се нафаќаат да се занимаваат со политика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...