Вонредна состојба се прогласува за 30 дена, а доколку не помине опасноста таа се продолжува секои наредни 30 дена од страна на претседателот на Републиката, рече Каракамишева.

Објавил: Перо Милчин | 18 март, 2020 15:20

КАРАКАМИШЕВА: Што е разликата меѓу кризна и вонредна состојба?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева на Социјалните мрежи објасни што е разликата помеѓу вонредна и кризна ситуација во Македонија.

-Што е разликата меѓу кризна и вонредна состојба?

1. Во услови на кризна состојба владата дејствува и ги презема сите активности согласно законот за управување со кризи и согласно постојните закони донесени од Собранието.Ова значи дека надлежностите на владата се дефинирани и ограничени со постојните закони.

2. Законите не и даваат право на владата во кризна состојба да носи акти кои во услови на вонредна состојба би имала право да ги носи.

3. Во услови на вонредна состојба согласно Уставот владата има право да носи уредби со законска сила.Овие уредби имаат сила на закони, така што практично во вонредна состојба владата ќе може да ја преземе законодавната надлежност на Собранието, додека во кризна состојба тоа не е можно.

4. Во кризна состојба владата е ограничена да делува согласно постојните закони, додека во вонредна ќе има право да суспендира закони, да менува, да дополнува закони и слично преку уредбите со законска сила.
На пример, владата ќе може да донесува уредба за ново задолжување на државата, уредба за ребаланс на буџетот, уредба за прераспределување на буџетските средства од една во друга област, уредба за упатување повеќе пари во здравството, уредба за помош на стопанството, уредба за ограничување на човековите права и сл.
Во кризна состојба сето ова не е можно.

5. Со вонредна состојба ќе може да се ограничуваат човекови права, во кризна состојба тоа оди потешко, бидејќи ќе се бара примена на постојните законски решенија за да се направи ограничувањето. Во услови на вонредна состојба тоа ќе се прави директно со уредбите со законска сила.

6. Вонредна состојба не е прогласена никогаш во Македонија. Единствени уредби со законска сила имало во Социјалистичка Р.Македонија.

7. Начинот на функционирањето на вонредната состојба не е уреден со закон за вонредна состојба, така што целата моќ ќе биде централизирана во владата и во министрите.

8. Вонредна состојба се прогласува за 30 дена, а доколку не помине опасноста таа се продолжува секои наредни 30 дена од страна на претседателот на Републиката, рече Каракамишева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...