Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во своето денешно телевизиско интервју вели дека Бугарија ќе продолжи да ги штити своите национални интереси и покрај тоа што, како што рече, постојат надворешни фактори кои се обидуваат да го разубедат бугарскиот државен врв да ја тргне блокадата за Македонија.

Објавил: Владо Марин | 30 ноември, 2020 6:14

Каракачанов: Со кого да правиме компромис – со оние кои ги уништуваа бугарските споменици и ги расфрлаа коските на нашите херои?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бугарија ќе продолжи да ги штити своите национални интереси и на крајот на денот ние сме во ЕУ, а не Македонија, повтори бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачнов во телевизиско интервју.

Бугарија има свои национални интереси и треба да ги штити како тоа што го прават и други членки како Германија, Полска, Унгарија вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во интервју за бугарска телевизија „Нова“, прашан за тоа како на европските партнери им ги објаснил мотивите на Бугарија за ставање вето за Македонија.

„На крајот на краиштата Бугарија е членка на ЕУ, а не Македонија и нашите колеги треба да ги имаат предвид ставовите на државите-членки, а не државите-кандидатки. Го објаснив тоа на културен начин со аргументи и факти. Не мислам дека не сме разбрани од страна на европските партнери. Бугарија никогаш не давала безрезервна поддршка. Ние кажавме дека ако Договорот не се почитува, нема влез во ЕУ“, вели Каракачанов.

– Не можам да кажам дека имаме притисок за да го смениме мислењето, но ќе кажам дека има надворешни фактори што не разубедуваат, иако мене лично не. Не верувам дека ниту Борисов ќе ја свие опашката, заклучи Каракачанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести