- Потекнувам од едно статуирано семејство и сум единица, односно немам брат или сестра. Таткото на моето дете е починат уште кога ќерка ми беше многу мала.

Објавил: admin@magazin | 20 март, 2019 10:06

Кацарска : „Од мојата работа како судија купив само еден стан од 80 квадрати„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во синоќешната емисија „Правда и Неправда„ на 1ТВ гостинка беше судијката Добрила Кацарска, која ги осуди казна затвор од вкупно 211 години, осомничените од 27 април. Таа рече дека не поседува многу имот на нејзино име.

Во вчерашната емисија „Првда и Неправда„ на 1ТВво која беше гостинка судијката Добрила Кацарска, изјави дека на нејзино име поседува само еден стан од 80 квадрати, и дека е тоа единственото нешто што го вложила од својата работа како судија.

Таа изјави дека 20 години штедела за да ја купи својата недвижнина, а за да го докупи својот стан од 80 квадрати подигнала кредит од 28.000 евра, додека пак нејзините родители имале стан од 50 квадрати. Кацарска во емисијата рече дека потекнува од ситуирано семејство и дека е ќерка единица. 

– Потекнувам од едно ситуирано семејство и сум единица, односно немам брат или сестра. Таткото на моето дете е починат уште кога ќерка ми беше многу мала, а таа потоа ја земаше неговата пензија. Татко ми секогаш имаше поголема плата од мене.

Живеевме заедно со моите родители во стан од 88 метри квадратни, кој потоа го продадовме за да купиме други два. Мојата плата одеше на страна за штедење, а светот не сум го прошетала. Одам со ќерка ми на летен и зимски годишен одмор но не во луксузни европски центри, туку тука. Да не заборавам дека имам и едно гаражно место – изјави Кацарска во студиото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести