Тие му ја посветија втората европска круна на ракометниот клуб Вардар на својот другар од трибината Никола Саздовски – Саздо,

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2019 15:12

Комити со трогателна порака за Саздо: Дали на небото ги почувствува вибрациите од вчерашната прослава?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Навивачката група Комити, кои воедно се и најверните навивачи на Вардар, упатија трогателна порака до трагично загинатиот Никола Саздовски Саздо.

Навивачката група Комити со трогателна порака за Саздо

Тие му ја посветија втората европска титула која ја освои ракометниот клуб Вардар на својот другар од трибината Никола Саздовски – Саздо, кој минатата година за жал им подлегна на повредите и почина откако беше брутално претепан на автобуска станица во скопската населба Автокоманда.

„Минатата заедно ја прославивме, но оваа е за тебе шампионе, за твојата љубов кон Вардар и жртвата за Македонија“, стои во пораката на Комити. Ги чу ли песните кои ечеа на Аеродромот кога се појавија хероите?
Ја слушна ли химната на Македонија како одекна од плоштадот Македонија како никогаш предходно?
Допре ли до тебе Комитската химна отпеана на крајот на прославата? “За една љубов живееме…” отпеана од 150.000 грла, таа Саздо, а не ‘Ајде ајде ајде Вардаре’ која ја знаат сите…
Дали на небото ги почувствува вибрациите создадени од адреналинската бомба, како во оние времиња кога заедно го правевме тоа на трибина во еуфорија, во моментите кога сите во еден глас скандираа “Никогаш Северна, Само Македонија”?
Минатата заедно ја прославивме, но оваа е за тебе Шампионе, за твојата љубов кон Вардар и жртвата за Македонија !!!
Почивај во мир брату наш ! стои на Фејсбук профилот на комити.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести