Костадин е редок политичар кој од морални причини ја вработи својата мајка, а потоа од уште поморални ја отпушти од работа

Објавил: Данаил Михајловски | 2 март, 2019 12:36

Костадин со апел до градоначалникот: Курто, ајде заедно да го искорениме непотизмот!

Фото/Текст извор: ©магазин

Костадин Костадинов (Манулач), еден од најревносните борци против непотизмот во Северна Македонија. Денес одржа прес конференција пред општината Шуто Оризари и упати јавен апел до градоначалникот Курто Дудуш:

Господине Курто, тоа што сте градоначалник од редовите на про-западната СДСМ нека не Ве спречува да дадете личен пример во борбата против непотизмот во Северна Македонија. Бидете доблесен и уште денес повикајте ги следниве ваши роднини што сте ги вработиле, да дадат отказ: вашата сопруга Фата Османовска, тетинот Демир Јашар, вашиот втор тетин Вулнет Демир, вашата тетка Софија Демир, вујкото Сејнур Мемет, како и вашите ценети и про-европски настроени братучеди Алмир Дудуш и Ибче Сакип. Господине Курто Дудуш,  не дозволувајте да Ве фати епидемијата на претходниот анти-западен режим. Еве, земете ме мене за пример. Јас си ја вработив мајка ми од морални причини, а потоа од уште поморални причини им реков да и дадат отказ. Бидете барем онолку прагматичен, колку што сте ќелав. Ајде да се бориме заедно. Ваш, Костадин.

Курто Дудуш се прослави со изјавата дадена како пратеник од СДСМ во текот на 2017 година, кога на еден собир на граѓани во Шутка им порача на сите да си извадат членска книшка од СДСМ, бидејќи тоа ќе им биде како втора лична карта која ќе им помогне за добивање на социјално, лекарска помош, стипендија, вработување и поништување на сообраќајни казни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...