Ние сме заинтесирани за што побрзо да се случат предвремени парламентарни избори, се разбира сериозно да се дискутира и да се пристапи кон предлогот на Алијансата за Албанците СЈО да има начелник

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 август, 2019 17:34

КРИЗАТА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Алијанса за Албанците бара лидерска средба и предвремени парламентарни избори!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За жал, со последниот скандал сите сме сведоци дека судството и политиката се во заемна соработка и тоа го нарушува и угледот на државата во меѓународната заедница, изјави денеска Елми Азири од Алијансата за Албанците денеска на прес-конференција.

Азири прашува зошто процесите што биле дел од СЈО, како „Пациент“, „Маџар Телеком“, „Титаник 2“ не се процесуирани досега и дали тука има вмешаност и политиката.

Од Алијансата за Албанците тврдат дека е потребно да се свика лидерска средба на релевантни политички лидери и од власта и од опозицијата во стил на Пржинските средби и на тие средби да се дискутира за најактуелните и најчувствителните прашања што моментално се случуваат во државата, меѓу кои и избирачкиот список, Законот за јавно обвинителство, Законот за пописот на населението, за техничката Влада и за предвремени парламентарни избори.

 Ние сметаме дека овој скандал овие последни случувања имаат огромни политички реперкусии што се однесува до политичкиот живот во Македонија и се гледа дека на некој начин државата влегува во огромна политичка криза и секој ден што поминува таа криза се повеќе се продлабочува – вели Азири.

Ние сме заинтесирани за што побрзо да се случат предвремени парламентарни избори, се разбира сериозно да се дискутира и да се пристапи кон предлогот на Алијансата за Албанците СЈО да има началник, специјален јавен обвинител од земјите на Европската Унија, а зошто да не и од САД, затоа што сме сведоци дека судскиот систем во државава нема капацитет, нема слух, нема желба и нема подготвеност да се занимава и да ги процесуира најкрупните корупциски скандали во државата – рече Азири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести