Прашањето беше дека Македонците вработуваат само Македонци, Албанците вработуваат само Албанци, но институциите треба да вработуваат, а власта ги влече граѓаните по партиски штабови да се ажурираат. Министерот за внатрешни оди по градовите и го прави тоа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2021 20:49

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од Законот за лична карта со кој се предвидува името Република Македонија да биде заменето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Миле Лефков, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување емисијата 24 Анализа зборуваше за додавање на етничката припадност во личната карта и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од овој закон за лични карти кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново Уставно име.

Личната карта претставува еден вид на внатрешен пасош. Сето она кое што се случи односно во ситуацијата  во која Зоран Заев и неговата надворешна политика го стави македонскиот народ во една нерамноправна положба затоа што според Преспанскиот Договор е утврдено државјанството да биде Македонец/Граѓанин на Република С. Македонија. ВМРО-ДПМНЕ овој закон  го услови со еден амандман.

Единствениот амандман кои ние го поднесовме е на предлог законот е да се избрише членот 6 кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново име. Самиот амандман е оправдан затоа што тој рок е предвиден во уставниот закон за усогласување кој што дава преоден рок од 5 години.

Тоа  е нашето условување да го поддржиме овој закон. Не е вообичаено да биде внесена етничката припадност во лична карта меѓутоа кога треба ние да имаме една дивоградба кој се викаат граѓани на С. Македонија и сега имаме прилика во личната карта на секој Македонец да пишува дека е Македонец, да ние ќе ја дадеме нашата поддршка, рече пратеникот Лефков во своето гостување.

Понатаму Лефков во своето гостување говореше и за ситуацијата во државата и истакна дека најголем непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање државата има пад на сите полиња.

Прашањето  беше дека Македонците вработуваат само Македонци, Албанците вработуваат само Албанци, но институциите треба да вработуваат, а власта  ги влече граѓаните по партиски штабови да се ажурираат. Министерот за внатрешни оди по градовите и го прави тоа.

Имаме целосна партизација на државата затоа  сме на 111 место според Транспаренси Интернешнл и затоа се најкорупмирана држава. И ајде признајте дека нема ништо друго поважно во личната карта на Македонец да пишува освен Македонец, а понатаму треба да ги средиме институциите за да не се влечат граѓаните во штабови  и да ни бидат партизирани институциите и целата држава.

Единствен непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање имаме пад на сите полиња во држава, истакна Лефков во своето гостување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...