Во интервјуто министерската вели дека нашата држава Македонија е апсолутно подготвена за жена премиер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 декември, 2019 15:53

Македонија е подготвена за жена премиер- дали Царовска откри дека ќе биде замена на Заев?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за емисијата „30 прашања со“ министерката за Труд и социјала Мила Царовска, одговара на 30 кратки прашања поврзани со нејзината личност и работата. 

Во интервјуто министерската вели дека нашата држава Македонија е апсолутно подготвена за жена премиер.

На едно од прашањата, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека Македонија е апсолутно подготвена за жена премиер.

Имено емисијата е проект на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Од видеото може да се забележи дека министерката отсечно и брзо одговара на прашањата па се добива впечаток дека се претходно увежбани, па во овој момент кога една од најактуелните теми во државата се предвремените избори закажани за 12 април, и составувањето на техничка влада, и назначувањето на технички премиер , функција за која неколку пати се провлекува името на Мила Царовска, таа сосема „случајно“ одговара на последното од 30-те стокмени прашања од пи-ар тимот на социјалдемократите, дека Македонија е подготвена за жена премиер.

Она што секој би го забележал е и тоа дека во видеото Петров на Царовска и вели дали Македонија е подготвена за жена премиер, наместо да го користи новото име со придавката “Северна”.

На прашањето како би ја опишала министерската позиција Мила вели: Работа, работа и само работа…

На прашањето што најмногу ја релаксира таа вели дека времето поминато со нејзиниот син.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести