Тавче гравче е Македонски традиционален специјалитет.

Објавил: admin@magazin | 10 февруари, 2022 14:08

Македонско тавче гравче со колбаси

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гравчето е традиција во секое семејство. Ќе ви напишеме една едноставна комбинација на грав со колбаси.

Тавче гравче е Македонски традиционален специјалитет.

Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите домови и македонски ресторани. Исто така се сервира во земјени чинии.

Освен само тавче-гравчето често се подготвува во комбинација со некои јадења од месо, како македонски плескавици, македонска сланина, македонско суво месо, македонски ребра и слично. Земјената тава покрај што му дава препознатлив традиционален изглед на јадењето ја чува топлината со часови.

Состојки :

300гр бел грав

400гр крањски колбас

1 главица кромид

1 морков

1 свежа везена пиперка и 2-3 лажици зејтин

1 лажичка мешан зачин,

бибер,оригано и свеж магданос

1 лажичка буковец

1 лажица брашно и 1 лажица црвен пипер

Гравчето  се кисне со мала количина на вода од навечер. Утредента се вари заедно со цела главица кромид, морков и везена свежа пиперка на тивок огин. Варењето зависи од гравот. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.Одкако гравот ни е варен го претуруваме во земјена тава. Кромидот и морковот се пасираат со вилушка и се додава магданос и ситно сецкано лукче, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.Во тава се потпржува брашното, кратко се сипа зејтин се меша и додава црвен пипер.

Запршката се сипа во гравот, се  додава и  малку вода доколку фали во земјената тава. Колбасите се ставаат врз гравот и се пече на 200 степени триесетина минути или додека не изврие дел од водата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.