Имено денес по речиси еден месец од смртта на Драган, Мартин сакаше да ја потсети јавноста кој беше неговиот татко и напипа дека за него тој бил татко над татковците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2020 17:36

Мартин Вучиќ повторно со емотивна порака за Драган: За мене беше татко над татковците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Музичарот и актуелен директор на Народниот ансамбл „Танец“, Мартин Вучиќ, денеска повторно на својот Фејсбук профил објави емотивен статус посветен на неговиот татко Драган Вучиќ, кој беше еден од најпознатите водители во земјава.

Драган и Весна го имаат синот Мартин Вучиќ кој во јуни претходната година се ожени со партнерката Сања.

Имено денес по речиси еден месец од смртта на Драган, Мартин сакаше да ја потсети јавноста кој беше неговиот татко и напипа дека за него тој бил татко над татковците.

„За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш татко над татковците!“ – пишува Мартин на својот Фејсбук.

Драган Вучиќ почина на 4- ти мај на Инфективната клиника во Скопје по компликации од коронавирус.

Кој беше Драган Вучиќ?

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Тој беше познат македонски композитор, пејач, филантропист и телевизиски водител. Зад себе остави голем број на хитови чиј композитор бил токму тој:  Свирете ја Зајди ЗајдиАнгели ме носат и Кажи Ѕвездо.

Во 1990-тите беше водечки вокал на поп-фолк бендот Кода. Тој ја компонираше песната Ти си сон, одбрана да ја претставува Македонија во Евровизија 2005. Во текот на неговата кариера тој исто така беше водител на повеќе телевизиски емисии на македонските телевизии.

Вучиќ боледуваше од рак на белите дробови и неговата состојба се комплицираше откако се заразил со COVID-19 во април 2020 година. Тој почина на 4 мај 2020 на инфективната клиника во Скопје на 65 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.