Средбата беше помеѓу претставници на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, а пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, за ТВ НОВА, изјави дека е задоволен од средбата, однсоно дека средбата била конструктивна и дека се договориле „околу финансирањето на обвинитеството и за поголема одговорност на обвинителите“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јули, 2019 17:33

Милошоски задоволен од средбата во Владатa: Имавме конструктивна дебата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред малку заврши средбата во Влада, на која се разговараше за новиот Закон за Јавно обвинителство со кој треба да се регулира и статусот на СЈО.

Средбата беше помеѓу претставници на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, а пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, за ТВ НОВА, изјави дека е задоволен од средбата, однсоно дека средбата била конструктивна и дека се договориле „околу финансирањето на обвинитеството и за поголема одговорност на обвинителите“.

Милошоски рече дека средбата била конструктивна и дека се договориле „околу финансирањето на обвинитеството и за поголема одговорност на обвинителите“.

Како што објави ТВ НОВА, за сега пратеникот не открил многу детали околи остварената средба, велејќи дека на средбата постигнале договор да не се изнесуваат повеќе информации за да се постигне конечен договор.

Инаку опозициската партија ВМРО ДПМНЕ е против тоа Вилма Русковска да раководи со Јавното обвинителство за организиран криминал во кој ќе биде и СЈО, но за оваа тема не се разговарало на денешната средба.

Нова средба е најавена деновиве пред Илинден. 

Инаку претходно за порталот Република, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски истакна дека до крајот на неделата треба да се сретне и работната група за пописот на население.

Тој смета дека новата средба на работната група го потврдува она што го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ дека не е возможно да се оддржи лидерска средба без претходно усогласени ставови за овие две прашања.

– Не може да има лидерска средба без да има допирни точки за овие едве теми, односно средба со дијаметрално различни ставови за законот за јавно обвинителство и за пописот. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека лидерска средба и натаму нема да биде возможна доколку на дневен ред не се најде и прашањето за предвремени избори – вели Стоилковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести