Голем број правни експерти се вознемирија кога реков дека имам документи, кои се тие материјали, што се и слично., вели Мицкоски.

Објавил: Перо Милчин | 13 септември, 2019 23:20

МИЦКОСКИ: „На Зоран Заев не му одговара расчистување на криминалот во овие три години„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во 360 степени на Алсат Телевизија, изјави дека јавен обвинител по предлог на опозицијата мора да има за да може Јавното обвинителство да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот.

Голем број правни експерти се вознемирија кога реков дека имам документи, кои се тие материјали, што се и слично. А истите тие кога беше аферата Големото уво и кога Бранко Црвенковски рече дека му се оставени пред врата, никој не реагираше, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ во емисијата 360.

Тој изјави дека дека СДСМ сметаат дека колку подолго ги лиферуваат оваа тема за јавно обвинителство и тезата за СЈО мислат дека во перцепцијата кај неопределените колку толку ќе парираат за случајот Рекет 1.

– Зошто се плашат да имаме обвинителство за висока корупција, каде што обвинител ќе биде предложен кредибилен лик професионален лик од опозицијата, ако се толку чисти? Зошто во еден момент господинот Заев рече вие сакате да ме потрупате со предмети? Јас ако сум чист верувам во својата честитост и законско работење нема да имам потреба да се плашам од ништо, рече Мицкоски.

-Материјали доставени од свиркачи се едноставно материјали доставени од свиркачи. Дали се материјали добиени од исказ од предистрага, од истрага и дали се добиени од нелегално поседување материјали е исто, рече Мицкоски укажувајќи дека материјалите се доставени од свиркачи.

Мицкоски рече дека сега смета оти граѓаните треба да ја дознаат вистината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...