ВМРО ДПМНЕ: "Граѓаните се секој ден се посиромашни".

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 јануари, 2019 9:35

Наместо “ЖИВОТ” за сите, дојде живот за “ВЛАСТА”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Државата и граѓаните со секој поминат ден се се посиромашни. Индексот на трошоците за живот во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 1.5%. Додека трошоците растатат, платите стагнираат.

Државниот завод за статистика објави дека индексот на цените на мало во 2018 година во однос на 2017 година е зголемено за 2.7%. Тоа значи дека граѓаните со секое пазарување во маркет, бензинска станица, аптека или друга фирма со трговија на мало во просек плаќале повеќе од 2017 година.
Се повеќе се зголемува бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија изнесува дури преку 500.000 граѓани.

Наместо парите кај граѓаните, имаме пари кај власта.
СДСМ ги зацрни граѓаните. Државата само стагнира, економијата тоне, а луѓето имаат се помалку пари.
Потребно е СДСМ што побргу да си замине за државата да може да тргне напред, со СДСМ на власт не очекува само сиромаштија и економски крах.Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Црнилата мора да бидат поразени. Зората мора да изгрее. Македонија заслужува да тргне напред,изјави во соопштение ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...