Министерот Дамјан Манчевски, по однос на вработувањата во администрацијата, ги менува ставовите како чорапите

Објавил: Данаил Михајловски | 21 февруари, 2019 12:30

4.000€ за вработување на државно! Дамјан Манчевски да каже дали открил нешто

Фото/Текст извор: ©магазин

Кога Груевски беше премиер, Дамјан Манчевски беше еден од најгласните во СДСМ кој го критикуваше секое партиско вработување, а особено оние со непотизам. Манчевски велеше тоа е лоша одлика на “режимот на Груевски“ и кога ќе дојде СДСМ на власт нема да има партизација, ниту непотизам во јавната администрација. Но, сега јавноста е сведок дека моделот “Мира Дизел“ е најуспешниот начин како функционерите си ги вработуваат своите роднини во добро платени државни фирми.

Темата непотизам при вработување во администрацијата кулминираше после смената на Уставот. Тогаш се отвори Пандорината кутија која на јавноста и даде увид дека додека траеше големата политичка драма за смената на името, многу пратеници, министри, градоначалници и владини функционери, си го искористиле моментот да си вработат по еден, двајца блиски роднини на државно. Најголем “скор“ на вработени роднини имаа постигнато пратеничката Мира Стојчевска Дизел и генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски. Задолжениот за реформа во јавната администрација, министерот Манчевски, беше приморан да даде одговор на бурните реакции од јавноста и во првите изјави почна со барање на оправдувања.

Манчевски пред само 5 дена изјави дека таквите вработувања се всушност спречување на одливот на кадри во странство, а не непотизам. Кажа дека членовите на СДСМ биле дискриминирани 10 години и дека затоа сега имале предност при вработувањето во администрација. „Денеска е чудно што некој симпатизер на оваа власт се вработува во јавни институции. Еве да се согласиме дека тоа е проблем за 2-3 случаи, но каде да одат тие луѓе? Еве ви кажувам, ајде да се договориме, каде да одат членовите на СДСМ, да речеме ли тие луѓе да ја напуштат државата?“, изјави Дамјан Манчевски на прес конференција пред само 5 дена, кога притисокот на јавноста за вработувањата на роднини во државни фирми стана преголем.

Трпе Деаноски, ген.секретар на синдикатот јавно кажа дека има информации за лице кое се вработило во јавна администрација, а чија мајка, за услугата на директорот, “во плик му дала 3.000 евра, со извинување дека нема 4 бидејќи тарифата за вработување моментално во јавната администрација е 4-6.000 евра“. Министерот Манчевски уште пред 3 месеци рече дека ќе ги собере сите информации и ќе го разгледа случајот и ќе биде бескомпромисен, но досега нема ништо од најавите.

Откако виде дека не му поминува приказната и не стивнуваат реакциите, Манчевски реши да стане принципиелен политичар, па денес изјави дека ги повикува сите вработени кои се роднини на актуелни функционери од власта да си дадат отказ од работното место, но исто така ги повикува и блиските на сегашните опозиционери, кои се вработиле пред 6 или пред 7 години, исто така да си дадат отказ. Ваквото менување на ставот на министерот Манчевски дава многу точен опис за него, дека тој денес како власт е ист како оние што беа на власт кога тој ги критикуваше и ветуваше дека ќе биде поинаков. 

Но, секој политичар кој продава морал и принципи треба да почне од своите редови и да даде пример. Затоа, по однос на темата на вработување на блиски роднини на функционерите во државни фирми ќе му поставиме една задача на министерот Манчевски, која би требало да ја исполни, за да ги убеди граѓаните во принципите и моралот на актуелната власт. Задачата е следна, да ги убеди да си дадат отказ од работното место или да се откажат од повластицата следниве лица:

  • Ќерката на Талат Џафери вработена во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Ќерката на министерот Никола Димитров во рок од еден ден доби 40.000 евра стипендија за факултет
  • Цветанка Ласкова, советник на Заев и претседателка на жените на СДСМ, преку својата позиција издејствувала фирмата на нејзината снаа и син, “Декодикс“, да добие грант од 330.000 евра од Фондот за иновации.
  • Синот на пратеничката Мира Стојчевска Дизел вработен во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Александар Кирацовски (пратеник) си ја вработи сестрата во Централниот регистар, плата од 36.000 денари
  • Крешник Бектеши (министер) си ја вработи сестрата Влора во МЕПСО, плата од 36.000 денари
  • Милева Ѓорѓиева (пратеник) го вработила синот Стојче, како инспектор во МВР без јавен оглас
  • Братучедот на министерката Шеќеринска (Никола Наумоски) се вработи во Град Скопје, плата од 38.000 ден
  • Сестрата на министерот Асаф Адеми вработена во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Баџанакот на Талат Џафери избран за член на антикорупциска комисија, плата 90.000 денари
  • Синот на Љубомир Фрчкоски помошник директор во ПУИК-Стамбено, плата 40.000 денари
  • Синот на Мирослав Грчев (Совет на СДСМ) вработен во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Сестрата на министерот Крешник Бектеши вработена во МЕПСО, плата 38.000 денари
  • Братучетката на министерот Манчевски поставена за директор на детска градинка во Аеродром
  • Синот на директорката  на болницата во Кичево, Билјана Настеска (СДСМ) си го вработила во болницата
  • Синот на пратеничката Шпреса Хадри (ДУИ) се вработи во М-НАВ Авијација, плата 46.000 денари
  • Зетот за сестра на Рената Дескоска стана директор на М-НАВ Авијација, плата од 95.000 денари
  • Сопругата на Игор Милев, тогаш член на ДИК од СДСМ, избрана за судија во Апелацискиот суд во Скопје
  • Сопругот на Магдалена Несторовска (држ.секретар во МВР) си го вработила во ЕЛЕМ

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...