Едно лице дел од персоналот на Одделот за трансфузиологија во Охрид е позитивно на коронавирусот

Објавил: Македонка Димкин | 26 март, 2020 22:20

НАЈНОВА ВЕСТ: Докторка од Охрид од трансфузиологија, заразена од нашинец од Италија!

Фото/Текст извор: ©магазин

Едно лице дел од персоналот на Одделот за трансфузиологија во Охрид е позитивно на коронавирусот, дознава МАГАЗИН од свои извори. Неофицијално, станува збор за докторка пред пензија.

Персоналот од трансфузиолошкото одделение е во карантин од 19 март, односно од пред седум дена, а со заболениот пациент од Охрид, контактирале на 10 март овој месец. Персоналот до тогаш не знаел дека пациентот кој бил на преглед кај нив има коронавирус.

Па затоа, наместо во 14 дневна изолација, тие ќе останат додека да бидат изработени резултатите од тестовите за присуство на коронавирус, пресметано од денот кога го имале првиот контакт со пациентот заболен од коронавирус.

Директорот на ЦЈЗ-Охрид, Точков, пред три дена, за изјавил дека од денот кога заболениот бил на Одделот за трансфузиологија, таму идните 9 дена доаѓале и голем број други пациенти кои имале закажано термин.

Нема информации колку вработени од медицинскиот персонал од општата болница во Охрид биле заразени , но се претпоставува дека ќе има уште. Веќе подолго време е познато  дека македонското здравство е тенко и ранливо, со недостиг на опрема и на медицински кадри а сега дополнително имајќи ги во предвид и фактите дека почнува и така кревкииот пресонал да се инфицира, се поставува   прашањето кој тоа ако навистина дојде до големо жариште од корона вирусот, ќе ги лечи македонските пациенти?

Министерот за здравство, Венко Филипче, не даде конкретен одговор на прашањето дали лицето од Охрид кое денес било дијагностицирано е доктор, иако двапати му беше поставено во текот на последната прес-конференција.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...