Вработените во секторот на производство на кожа се најслабо платени во земјава.

Објавил: admin@magazin | 22 декември, 2018 12:14

Најслабо платени работници,се вработените во секторот на производство на кожа

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нето плата од 14 710 денари во октомври земале вработените во секторот производство на кожа и слични производи од кожа.

 Скоро исти примања имаат и оние кои работат во секторот услуги со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата. Тие имале нето плата од 14 676 денари.
Во октомври 2018 година просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 24 817 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, изнесува 24 817 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (22.2 %), Информации и комуникации (18.7 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.1 %), Административни и помошни услужни дејности (3.9 %) и Други услужни дејности (3.8 %)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...