Со цел непречено функционирање на клиниката во услови на пандемија од коронавирусот, се применуваат посебни мерки за заштита и во таа насока поставени се нови шалтери за прием на пациенти, како и нови столчиња во чекалната на пациентите.

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2020 21:56

На детска клиника комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Амбуланскиот дел е целосно обновен со нова опрема, извршени се бројни градежни зафати, поставени нови прозорци, нова електрика, а во дел од просториите е променет таванот и подот.

Со цел непречено функционирање на клиниката во услови на пандемија од коронавирусот, се применуваат посебни мерки за заштита и во таа насока поставени се нови шалтери за прием на пациенти, како и нови столчиња во чекалната на пациентите.

На детска клиника комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната!

Министерот Венко Филипче изјави дека после 30 години, целосно се реновираше исто така и Службата за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Македонски Брод.

Со ова инфраструктурно зајакнување, за две ипол години ги подобривме условите во 31 јавно-здравствена установа.

Овозможивме модерно јавно здравство. Овозможивме подобра здравствена грижа за сите пациенти. Нашата цел се задоволни пациенти и мотивирани здравствени работници. Продолжуваме и понатаму кон унапредување на целиот здравствен систем, изјави Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...