СЈО беше основано како резултат на политички договор на 4 партии, а сега само Заев лично има интерес за статусот на Катица Јанева

Објавил: Данаил Михајловски | 9 март, 2019 15:47

На лидерската средба кавгата за СЈО ќе биде изговор за недобивањето на датум за ЕУ!

Фото/Текст извор: ©магазин

Владата е свесна дека ЕУ нема да донесе одлука за Македонија да ги започне преговорите за членство во Јуни оваа година. Тоа јасно го најави француската министерка Лоазо. Причините се нивото на корупција, мешањето на извршната во судската власт и немањето на реформи во јавната администрација. Но, за да не испадне дека неспособноста на владата е главната причина за недобивањето на датум, 5 до 12 Владата излегува со нов закон за СЈО, без претходна консултација со опозицијата, која веројатно нема да го гласа, па Владата ќе може да рече “ете, опозицијата е крива што Македонија не доби датум за почеток на преговорите„!

Доколку Законот за СЈО е дел од политички договор со мандат од 5 години на институцијата, доколку истиот бил резултат на преговори на 4 политички партии, тогаш е многу сомнително зошто сега владата не го почитува тој формат и сама го составува Законот за спојување на СЈО со Јавното обвинителство. Ставањето на законот за СЈО на маса како свршен чин не создава поволни политички околности истиот да помине со 2/3 во Собранието, а уште помалку со поддршка од 4-те политички партии кои го создале законот.

Што ќе донесе лидерската средба Заев-Мицкоски? Не е тешко да се погоди, двајцата лидери после средбата ќе се бламираат еден со друг, обидувајќи се да ја убедат јавноста дека другиот е крив за немањето договор за Законот и немањето на датум за преговори со ЕУ. Заев веројатно ќе излезе со изјава дека “антизападниот Мицкоски, наместо да ги штитит криминалите на некои политичари, треба да се издигне над ситуацијата и да го поддржи законот за трансформација на СЈО и со тоа да и помогне на државата да ги почне преговорите со ЕУ“. Додека Мицкоски очекувано е да каже дека “Заев си изготвил закон за СЈО со кој ќе продолжи да се применува селективна правда и политички прогон, зад кој власта ќе ги затскрива своите криминали, корупција и непотизам, заради кои Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ во Јуни оваа година“.

Судијата и професор по казнено право, Лазар Нанев, ја отвара и дилемата за правната (не)сигурност во корелација со обвиненијата кои СЈО ги покренало после истекот на неговиот мандат и евентуалните судски дејствија и пресуди по нив. Нанев изјавува “не сум сигурен дека овие пресуди ќе опстојат со оглед на донесеното правно мислење на Врховниот суд, а во крајна инстанца пред овој суд завршува приказната“. Иако со одредба во предлог-законот за јавно обвинителство е предвидено СЈО да ги спроведува и обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година, тоа во практика нема да му ја олесни работата на Обвинителството. Законот не е донесен, но и кога би бил донесен, според адвокатот Драган Малиновски, тој не може да има ретроактивно дејство. Некои од правните експерти велат дека ретроактивноста не е пречка кога станува збор за процесна материја, но Малиновски е дециден: „Закон за јавно обвинителство не е процесен закон“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...