Покрај убиените луѓе, уште 24 лица се ранети , меѓу нив и деца а медицинските тимови во блиските болници се обидуваат да ги спасат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 август, 2019 3:17

НЕВИДЕН МАСАКР ВО ТЕКСАС: Најмалку 22 загинати, меѓу нив и четири деца!

Фото/Текст извор: ©телма

Најмалку 20 лица се убиени во најновиот инцидент на масовно убиство на луѓе во Соединетите американски држави.

Масакрот се случил во продавница на Волмарт во близина на трговскиот центар Сиело Виста во градот Ел Пасо, во сојузната американска држава Тексас.

Покрај убиените луѓе, уште 24 лица се ранети , меѓу нив и деца а медицинските тимови во блиските болници се обидуваат да ги спасат.

Еден млад маж е уапсен од полицијата и според сегашните информации, најверојатно само тој го извршил масовното убиство.
Американските медиуми го именуваа како Патрик Крусиус на возраст од 21 година, кој живеел во Далас.

Медиумите објавија и фотографија од напаѓачот, преземена од камерите во Волмарт, на која тој носи слушалки за спречување на бучава и во рацете држи автоматска пушка, со која и го извршил масакрот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...