Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека информацијата дека Данска и Холандија се приклучуваат на бугарското вето е неточна.

Објавил: Перо Милчин | 4 декември, 2020 17:41

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: БУГАРСКИ МЕДИУМИ НАЈАВИЈА ВЕТО И ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ, ДОЈДОА ДЕМАНТИ

Фото/Текст извор: ©24 мк

Лажни вести се информациите дека  Холандија ја поддржала Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за Северна Македонија велат од холандската амбасада во Скопје, после објавата на софиски „24 часа“. 

„Холандија сметаше и се уште смета дека Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка.“ – велат од Амбасада на Кралството Холандија во Македонија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека информацијата дека Данска и Холандија се приклучуваат на бугарското вето е неточна.

И од владата за Тв24 велат дека Република Северна Македонија има апсолутна подршка од сите во Европската унија, освен од Бугарија која има задршки.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски прв на твитер објави информација дека и други две земји освен Бугарија имаат задршка за почетокот на преговори за Македонија.

Денеска за ТВ24 Милошоски вели дека нема информација дали се работи за истите земји кои ги лиферува бугарскиот медиум и додава дека останува на својата објава добиена од дипломатски извори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести