Советниците од Општина Охрид на последната седница речиси едногласно одлучија веќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти на балкански естрадни ѕвезди

Објавил: Македонка Димкин | 19 март, 2019 0:31

Нема веќе ЦЕЦА на државен трошок, Охрид не дава повеќе општински пари!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Советниците од Општина Охрид на последната седница речиси едногласно одлучија веќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти на балкански естрадни ѕвезди. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори”.

„Кога направивме анализа, видовме дека најголема корист од вакви концерти имаат продукциските куќи од земјава, кои ги организираат. Градот нема никаков ќар. Градот секоја година во периодот од 14 јули до 15 август е полн со гости, а ваквите концерти не носат нови туристи. Заклучивме дека ниту од државјаните од соседните земји нема некој голем интерес за вакви манифестации”, соопштија од локалната самоуправа.

Неофицијалните податоци покажуваат дека само лани неколку продукциски куќи собрале околу 5,5 милиони денари од одржувањето на концертите.

Во шпицот на туристичката сезона, изминативе години во Охрид настапуваа Северина, Марија Шерифовиќ, Цеца Ражњатовиќ, Лепа Брена и други естрадни ѕвезди од регионов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...