Пропаднатиот референдум и килавиот Договор од Преспа за промена на името, го вратија од пензија медијаторот Метју Нимиц кој повикува на неразумни решенија и акти

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 9:13

Нимиц: Фокусот ставете го на оние кои гласаа “за”, другите не се ни битни

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Медијаторот за спорот со името, проблем кој е плод на имагинацијата на нашиот јужен сосед, Метју Нимиц, и понатаму смета дека решението е во промена на името.

Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко македонските разговори за името.

Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ “Антена” во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на оние кои излегоа и гласаа “за”, бидејќи оние кои се против и не гласаа не нудат друга алтернатива и со самото тоа нивното мислење и не може да е битно.

Преспанскиот договор, според Метју Нимиц, е најдобро можно решение и го отвора патот за стабилна иднина на целиот Балкан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести